„Убер“ нуди 41,50 евра по акција во готово за германската компанија за достава на храна „Деливери Херо“, што претставува премија од 34 проценти во однос на просечната цена на акциите на „Деливери Херо“ во последните три месеци, објави „Ројтерс“.
Компанијата веќе поседува најголем удел во поединечното сопствеништво во „Деливери Херо“, а одборот на директори на германската компанија ја поддржа понудата. Доколку трансакцијата биде одобрена, комбинираната компанија би работела на 99 пазари низ целиот свет, со вкупна вредност на завршени нарачки од околу 236 милијарди долари во 2025 година, приближувајќи се до кинескиот лидер „Меитуан“.
За да ги ублажи регулаторните пречки поради евентуално нарушување на конкуренцијата, „Деливери Херо“ се согласи да продаде операции на 14 пазари на инвестициската компанија „ШВ Партнерс“ за 1,4 милијарди евра. Во исто време, јужноафриканската инвестициска група Просус, вториот најголем акционер во Delivery Hero, се согласи да го продаде својот удел на Uber.
Uber објави дека ќе го задржи седиштето на Delivery Hero во Берлин и постојниот број вработени најмалку до крајот на 2029 година, како и дека планира да инвестира две милијарди евра во Германија до 2031 година.
Се очекува регулаторните тела детално да ја испитаат трансакцијата поради преклопувањето на работењето на двете компании на повеќе пазари, а завршувањето на преземањето се очекува во втората половина на 2027 година.
Фото- www.florencedailynews.com




























