Илон Маск не ја крие својата стратегија за градење колонија на планетата Марс. Тој планира да испраќа по три Starship ракети дневно додека не изгради цела констелација. Извршниот директор на SpaceX на Twitter објасни дека првиот марсовски град ќе има живот во стаклени полутопки, но со тек на време планетата ќе биде трансформирана.
„Можеме да поставиме човечка база на Марс во текот на наредните неколку децении. Идните генерации луѓе коиќе ги откриваат рушевините на нашите градови ќе бидат импресионирани од тоа дека луѓето стигнале толку далеку“ вели Маск.
Маск претходно ја нарекуваше Марс превртлива планета и предложи да фрллиме нулеарни бомби на Марс за да ја трансформираме. Откако тие бомби ќе бидат фрлени ќе се создадат услови за живот на Марс, Маск планира да испрати 1 милион луѓе да живеат таму. Тој се надева дека тоа ќе се случи до 2050 година.
(DailyMail)
(фото: Wikimedia)