OnePlus го претстави првиот смартфон со Android кој не е направен во Google

- Advertisement -


OnePlus 8T е првиот OnePlus уред со најновата верзија на оперативниот систем на OnePlus, OxygenOS 11, но и првиот глобален паметен телефон со Andrid 11 кој не е произведен во Google.

OnePlus 8T доаѓа со новиот флуид АМОЛЕД екран од 120Hz и решение за брзо полнење Warp Charge 65. OnePlus 8T нуди професионални можности за уште повеќе корисници на паметни телефони, изјавија од OnePlus.

- Advertisement -

Warp Charge 65 е ново напредно решение за полнење на уредите, кое овозможува делумно полнење на батеријата за само 15 минути. Користи twin–battery технологија на полнење благодарение на која брзо се дополнува дури и капацитетот од 4500 mAh, а потребни се 39 минути за телефонот за де наполни целосно.

OnePlus 8T има 12 температурни сензори, енкрипциски чип во адаптерот и кабелот, а одржува температура на полнење на соодветно ниво за време на работа со најголема моќност од 65 W.

- Advertisement -

Екранот на OnePlus, 120Hz fluid AMOLED, е првиот рамен екран од 120Hz со најголема апсолутна точност на боите, за која доби оценка А+. Исто така, OnePlus 8T има дури 8.192 нивоа на светлина.

Процесорот во OnePlus 8T е Qualcomm Snapdragon 865 5G, кој овозможува мултигигабитна 5G конекција, фтографии со професионален квалитет, играње игри со ултрареалистична графика и интуитивни AI искуства.

- Advertisement -

OnePlus 8T има четири камери, од кои главната има 48MP со оптичка стабилизација на сликата, едната има 16MP и наменски макро и еднобојни леќи. Ултрашироките леќи на телефонот од 123 степени даваат нова перспектива на фаќањето широки кадри.

OnePlus 8T е првиот глобален смартфон со Andrоid 11, кој не е произведен во Google. OnePlus 8T е достапен за преднарачка на официјалната страница на OnePlus од 14 октомври. Од 20 октовмри натаму ќе биде достапен и кај одредени дистрибутери.

(Zimo)

(фото: screenshot OnePlus.com)

Сподели!
- Advertisement -