Моментално околу Земјата кружат околу 2.800 активни сателити, 3.000 неактивни и повеќе од 1 милион парчиња отпад со различна големина настанати од вселенските мисии кои датираат уште од 50-тите годинина минатиот век. Дури и парчињата помали од 10 см се движат со брзина од околу 29.000 км на час и претставуваат голем ризик од катастрофални судири со вселенски летала со човечки екипаж и со комерцијални сателити, па многу вселенски агенции развиваат проекти за отстранување на таквиот отпад од орбитата.
Меѓу нив е и ESA, која потпиша договор со швајцарската компанија ClearSpace SA за изградба и лансирање на првата мисија за отстранување на вселенскиот отпад наречена ClearSpace-1. Мисијата ќе биде лансирана во вселената во 2025 година и ќе има улога ловење на погонскиот модул VESPA (Vega Secondary Payload Adapter) тежок околу 112 кг, кој орбитира околу Земјата од 2013 година и се корисел при лансирањето на ракетата Вега.
Мисијата во орбитата ќе доведе летало со клешти со кои ќе се фати VESPA, ќе се поведе кон Земјата и заедно со неа ќе изгори при влезот во атмосферата, како што можете да видите од видеото во прилог. ESA ќе инвестира 86 милиони евра во мисијата и веруваат дека ќе биде една од многуте слични мисии со кои ќе почне отстранувањето најпрвин на големиот, а потоа и на малиот отпад од орбитата на Земјата.
(Vidi.hr)
(фото: Needpix)