Почна најголемата и најсложена дистрибуција на лекови во историјата на САД

- Advertisement -

Во САД почна испораката на вакцината против корона вирусот на компанијата Pfizer. Дозите вакцини на Pfizer и партнерската компанија, германски BioNTech, кои американската регулаторна агенција ги одобри во петокот, ќе бидат дистрибуирани на 145 локации уште денес.

Останатите 635 локации за испорака кои ги избраа американските сојузни држави и територии ќе ги добијат своите дози утре и задутре. Американските регулатори настојуваат да ги уверат Американците дека рекордно брзата постапка на одобрување на вакцината не е направена на сметка на нејзината безбедност.

- Advertisement -

„Работевме брзо поради итноста која ја создава пандемијата, а не поради некаков надворешен притисок“, изјавија од Агенцијата за храна и лекови на САД.

Според клиничките испитувања, вакцината има 95% ефикасност во спречувањето на КОВИД-19. Тоа е првата одобрена вакцина во САД, каде што од пандемијата починаа околу 300.000 луѓе. Британија, Канада и уште три други земји веќе ја одобрија вакцината на Pfizer и BioNTech.

- Advertisement -

Се очекува дека првите 2,9 милиони дози на Pfizer ќе ја напуштат фабриката во наредните неколку дена. Во првиот бран на вакцинирање приматели на вакцината треба да бидат здравствените работници и постарите граѓани, а во февруари за вакцинирање ќе може да се пријават и други категории граѓани.

Денес се очекува меѓу првите да бидат вакцинирани и припадниците на оружените сили на САД, кои во голем број доброволно прифатија да се вакцинираат.

- Advertisement -

На видеоснимките од фабриката на Pfizer во Каламазу се гледаат работнции кои извелкуваат кутии со вакцини од замрзнувач и го поставуваат во големи сини фрижидери пред да бидат означени со налепници. Оттаму велат дека со месеци подготвувале најдобра стратегија за логистика и дистрибуција на вакцините, а сега е време да го спроведат планот. Фрижидерите на Pfizer содржат до 4.875 дози, кои со камиони ќе се превезуваат од Каламазу до авионите.

(Zimo)

(фото: Pixy.rg)

Сподели!
- Advertisement -