Во последните два дена на Алјаска се забележани две реакции на вакцината на Pfizeroиж и BioNTech против корона вирусот. И двајцата пациенти кои ја примиле вакцината имале потешка реакција на првата доза, додека симптомите биле поблаги кај втората доза.
Уште еден вработен во болницата пријавил отечени очи, вртоглавица и гребење на грлото 10 минути после примањето на вакцината. За неговата реакција не се смета дека е анафиилактички шок, објави регионалната болница Бартлет.
Вработениот во болницата примил антихистамини веднаш по пријавата на алергиската реакција и целосно се поравил еден час појавата на нусреакцијатал Засега е нејасно дали тој имал историја на алергиски болести или не.
Првиот случај на алергиска реакција на вакцината на Pfizer е забележан во вторникот во истата болница, а реакцијата исто така следувала 10 минути после примањето на вакцината.
Станува збор за здравствен работник кој претходно немал проблеми со алергии. Алергиската реакција кај вработениот била слична на анафилактички шок каков што претрпеле и здравстени работници во Велика Британија, кои исто така ја примиле вакцината на Pfizer.
(Zimo)
(фото: Pixnio)