Американските експерти дадоа упатства што да се прави при алергиска реакција на вакцините против корона вирусот

- Advertisement -

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести во саботата изјави дека ги следат известувањата за алергиски реакции на вакцините против КОВИД-19 и издаде препораки како треба да постапат луѓето кои имаат историја на алергии.

Оние што имале сериозна реакција на вакцината против корона вирусот не би требало да прими втора доза, велат од Центарот и додаваат дека е особено сериозно ако лицето требало да прими инјекција епинефрин или да оди на болничко лекување.

- Advertisement -

Луѓето кои имале тешка алергиска реакција на која било од состојките на вакцината против КОВИД-19 треба да ги избегнуваат формулациите на вакцини кои ги содржат тие состојки. Во САД досега се одобрени две вакцини – на Pfizer/BioNtech и на Moderna.

Поединците кои имаат историја на тешки алергиски реакции на вакцини треба да се консулитраат со доктор за вакцинирање против корона вирусот. Од Центарот велат дека и понатаму се вакцинираат луѓе со сериозни алергии на храна, домашни миленици, латекс како и луѓе кои имаат алергии на лекови кои се земаат орално или имаат семејна историја на сериозни алергиски реакции.

- Advertisement -

Американската Агенција за храна и лекови истражува околу пет случаи на алергиски реакции кои се случиле откако луѓето минатата недела ја примиле вакцинзта на Pfizer и BioNTech. Во петокот Агенцијата соопшти дека вакцината на Moderna, која доби итна дозвола за употреба, не би требало да се дава на луѓе кои имаат историја на сериозни алергиски реакции на која било состојка од вакцината.

Британскиот здравствен регулатор изјави дека секој со историја на анафилаксија или со сериозна алергиска реакција на лекови и храна не би требало да ја прими вакцината на Pfizer и BioNTech.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -