Првата вакцина против корона вирусот во Србија утрово ја прими премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. Вакцината на Pfizer и BioNTech после неа ја прими и министерката за труд, Дарија Кисиќ Тепавќевиќ.
После Брнабиќ и Кисиќ Тепавчевиќ вакцината ја прими и академикот Предраг Пешко, професот на Универзитетот на Белград. Четвртата личност која ја прими вакцината против корона вирусот во Србија е епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон.
Во вторникот во Србија пристигнаа 4.875 дози од вакцината на Pfizer. Како што најавија надлежните, вакцинацијата денеска ќе почне и во домовите за стари лица.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е донесена одлука некој од државниот врв да ја прими вакцината за да покажат дека е безбедна.
(N1)
(фото: Pixnio)