ВИДЕО: Погледнете како се забавуваат роботите на Boston Dynamics

- Advertisement -

Роботите на Boston Dynamics повторно се тука и овојпат ќе ви покажат колку се вешти во нешто сосема поинакво. Имено, пред некој ден на интернет се појави видео, кое е дел од новата реклама за компанијата, на кое може да се видат роботите на Boston Dynamics како танцуваат на хитот на групата The Contours, „Do you love me.”

Спиноф компанијата на МИТ ги продава своите роботи со неверојатни способности во магацини, на полицијата, во фабрики, лаборатории, каде што задачите ги извршуваат подобро, побезбедно и побрзо од луѓето.

- Advertisement -

Но, сега сакаа да покажат дека не само што знаат добро да работат, туку можат и добро да се забавуваат. На видото роботите играат твист и изведуваат некои сериозно комплицирани движења со многу човеколики особини. токму затоа видеото истовремено е импресивно и морничаво.

Погледнете од видеото во прилог како изгледа оваа нивна танцова точка.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -