Илон Маск стана најбогат човек во светот

- Advertisement -

Конечно се случи она што го очекуваа многумина со оглед на постојаниот раст на вредноста на акциите на Tesla. Така, вчера сопственикот на производителот на електрични автомобили Tesla, Илон Маск, го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос, на индексот на милијардери на Bloomberg, Bloomberg Billionaires Index и стана најбогат човек во светот. Вредноста на богатството на Маск сега изнесува 194,8 милијарди долари. Тоа е за 9,5 милијарди долари повеќе отколку Безос.

Поскапувањето на акциите на Tesla му помогна на Маск брзо да се најде на врвот на листата со најбогати 500 луѓе во светот, што изминатите децении се случи само со неколкумина. Но, сепак, ниеден од нив не доживеа толку драматичен скок како Маск.

- Advertisement -

Имено, во текот на минатата година Маск додаде над 165 милијарди долари на своја сметка и тоа е веројатно најбрзото стекнување толкаво богатство во историјата. Првично како резултат на скокот на цената на акциите на Tesla, кои во 2020 година поскапеа за 743%, Tesla моментално е светлосни години пред другите производители на автомобили. Пазарната вредност на компанијата (773,5 милијарди долари) моментално е поголема и од Facebook.

(Bloomberg)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -