4 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

LG во Лас Вегас го откри својот телефон кој се отвора како ролетна

Kabtel desktop

Компанијата LG на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас го најави доаѓањето на својот нов смартфон Rollable и потврди дека телефонот ќе се најде на пазарот оваа година. LG Rollable има екран чија големина може да се менува од форма на мобилен телефон во форма на таблет. Со други зборови, екранот се извлекува и така ја зголемува својата величина.

„Имаше гласини за овој смартфон, а нашиот менаџмент сака да потврди дека тој уред навистина постои. Можеме да потврдиме дека ќе стигне на пазарот оваа година“ изјави портпаролот на LG.

На технологијата на екранот LG работел заедно со кинеската компанија BOE Technology Grоup, а уште нема детали за точно каков екран станува збор, како ни за различните големини на екранот.

LG започна со работа на Rollable во склоп на експериментот Explorer Project. Производ на овие експерименти е и LG Wing, смартфон со ротирачки дизајн и два ОЛЕД екрани. После најавата на Rollable се очекува почетокот на трката за производство на уреди со екрани кои се отвораат како ролетна.

(Klix.ba)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •