TikTok ќе им овозможи на креаторите да го наплаќаат пристапот до нивните содржини

- Advertisement -

Големите социјални мрежи постојано се во борба за привлекување повеќе креатори кои создаваат квалитетни и вирални содржини, а со тоа привекуваат и милиони следбеници и прегледи. Она што ќе го привлече секој таков креатор се парите, односно колку пари можат да заработат за сцоите содржини на платформите.

Од TikTok имаат добри вести за сите креатори кои сакаат да заработат пари на та мрежа. Како што пренесуваат технолошките медиуми, компанијата сега подготвува нови опции со кои сака да го зголеми бројот на корисници и активноста на постоечките, но и да овозможи дополнителна заработка.

- Advertisement -

Иако уште не се познати деталите, според гласините, наскоро креаторите на TikTok ќе можат да го наплаќаат пристапот до видеата кои ги објавуваат. Според некои медиуми, креаторите би можеле да постават цена за одредени видеа, но не се споменува месечна претплата. За пристапот до видеата за кои се наплаќа корисниците би ја плаќале целата сума што ќе ја одредат инфлуенсерите.

Слична опција претходно претстави и Instagram, која на креаторите и на инфлуенсерите им овозможува дел од содржините да ги заклучат само за претплатници.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -