Apple повторно стана највреден бренд во светот

- Advertisement -

Apple ја презеде титулата највреден бренд во светот од Amazon по прв пат после пет години доминација на е-трговецот. Вредноста на технолошкиот гигант минатата година се зголемила за дури 87% на 263,4 милијарди долари, покажа индексот Brand Finance Global 500 2021.

Искачувањето на индексот е резултат на стратегијата на Аpple за диверзификација, во рамките на која компанијата го прошири бизнисот на полето на дигиталните услуги и претплатата, а потенцијално и на пазарот за електрични автомобили во иднина, велат од лондонската консултантска компанија Brand Finance.

- Advertisement -

Се очекува Apple наскоро да објави најголем квартален профит досега и прв приход над 100 милијарди долари.

„Додека Apple се враќа на тронот како највреден бренд во светот после пет години ние повторно сме сведоци на резултатите на премисата „Мисли различно“ (Think Different). Од Mac до iPod, до iPhone, до iPad, tдо Apple Watch, до услуги со претплата, до бесконечност и назад“ велат од Brand Finance.

- Advertisement -

Вредноста на Amazon се зголемила за 15% минатата година на 254.2 милијарди долари. Компанијата исто така иновираше и го прошири бизнисот изминатите месеци, лансираше онлајн-аптека како и фитнес уредот Halo. Претходно во јануари Amazon ја купи и првата флота авиони од авиокомпаниите Delta и WestJet.

Технолошкиот гигант Google е на трето место на листата со вредност од 191.2 милијарди долари. На четврто место е Microsoft со 140.4 милијарди долари, а Samsung е на петто место. Walmart ја зазеде шестата позиција, Facebook седмата. Tesla, пљак, е најбрзорастечки глобален бренд минатата година, чија вредност се зголемила за неверојатни 158% на 32 милијарди долари.

- Advertisement -

(Market Watch)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -