Германскиот институт Роберт Кох соопшти дека вакцината против корона вирусот на AstraZenecа би се користел само за вакцинирање на луѓе до 65 години. Вакцината на AstraZeneca, според планот на вакцинирање, треба да се употребува само на луѓе на возраст од 18 и 64 години, се вели во соопштението на Комисијата за вакцини, која дејствува при државниот институт Роберт Кох.
Комисијата заклучила дека за оценката за ефикасноста на вакцината кај луѓе постари од 65 години досега не се достапни доволно податоци. Комисијата препорачува вакцината без ограничувања може да се примени кај останатите возрасни групи.
Вакцината на Astra Zeneca уште нема добиено официјална дозвола од Европската агенција за храна и лекови, а одлуката за тоа треба да биде донесена деновиве. Германските медиуми на почетокот на неделава пишуваа за неефикасноста на вакцината кај постарите луѓе. Германското Министерство за здравство соопшти дека се надева дека се работи за обична статистичка грешка.
AstraZeneca најави дека Европската комисија дополнително ќе ги испрати резултатите од новата студија, во која се вклучени повеќе луѓе постари од 65 години. Поради пробеми со испораката на вакцините, оваа британско-шведска компанија моментално е во спор со Европската комисија.
(Zimo)
(фото: Businessworld.in)