Компанијата Amazon планира да изгради зграда вредна 2,5 милијарди долари, во која ќе биде сместено новото седиште на компанијата. Станува збор за облакодер со придружни содржини, кој треба да биде висок 105 метри, а ќе изгледа како спирала.
Во близина на зградата која ќе се вика PenPlace ќе биде направен и амфитеатар и пазар на кој фармерите ќе ги продаваат своите производи. Зградата висока 22 ката ќе се гради во Арлингтон Каунти во Вирџинија.
Комплексот го проектираше студиото NBBJ, а ќе биде препознатлив и по зелените површини. Освен околу облакодерот, дрвја ќе растат и на самиот облакодер. Главниот архитект и директор на NBBJ, Дејл Алберда, порача дека секогаш настојува да го поврзе човекот со природата, но дека во тоа најмногу успеале со овој проект. Како што истакна, новото седиште на Amazon ја симболизира природата и науката.
„Во него ќе има многу затворени атриуми и градини кои не се зимски или кои ќе може да се посетат само поради релаксација, туку тие ќе бидат работни простори“, образложи Алберда.
Ќе бидат достапни 2,5 хектари јавни површини чии содржини, освен зелени површини и амфитеатар со 250 места, ќе имаат и уметнички инсталации. Граѓаните ќе можат да посетат и еден од рестораните.
Алберда смета дека посетителите вооопшто нема да имаат чувство дека се наоѓаат на територија на Amazon. Според него, тој простор нема да биде технолошки кампус, туку соседство. Се разбира, ќе има и шеталишта, како и простор за неколку стотини велосипеди. До центарот на Вашингтон работниците ќе можат да одат со подземна железница за само 15 минути.
Целиот комплекс ќе користи обновливи извори на енергија. Имено, комплексот ќе користи енергија од соларна фарма која е оддалечена повеќе од 321 км од седиштето. Ќе се искористува и дождовната вода и ќе има природна вентилација. Зградата е проектирана да пушта што повеќе сончева светлина во внатрешноста.
Ова ќе биде второ седиште на Amazon. Сегашното седиште се наоѓа во Сиетл. Уште пред три години од компанијата ја најавија изградбата на ново седиште. Во меѓувреме примија повеќе од 230 предлог-проекти за новиот објект.
Се двоумеле дали седиштетот да го прават во Вирџинија или во Њујорк, но тврдат дека државните и локалните политичари им дале до знаење дека не сакаат седиштето да биде во Њујорк. Освен тоа, Вирџинија им дала и даночни олеснувања. Во комплексот на Amazon треба да се вработат нови 25.000 луѓе. Се планира отворање и на уште 5.000 работни места во фабриката во Вирџинија.
Новото седиште на Amazon треба да биде готово до 2025 година, ако се одобри изградбата.
(SEEBiz.eu)
(фото: Wikimedia)