Instagram овозможи враќање на избришаните објави

- Advertisement -

Социјалната мрежа Instagram воведе нова можност која на корисниците им дозволува да ги вратат избришаните објави. Новата можност е воведена за корисниците да се заштитат од хакери кои бришат содржини на профилите, а може да послужи и ако корисникот посака да врати некоја претходно избришана објава.

Содржините избришани од Instagram профилите отсега ќе се наоѓаат во папката Recently Deleted во краток временски период, а од таа папка потоа ќе може да се вратат назад на профилот или засекогаш да се избришат. И во двата случаи ќе мора да се потврди идентитетот. Во суштина, оваа папка функционира како корпата за рециклирање на Windows (Recycling Bin), а разликата е само во тоа што папката на Instagram е заклучена.

- Advertisement -

Новаста можност важи за сите содржини, вклучувајќи ги фотографиите, клиповите, IGTV клиповите, па дури и Stories. Содржините ќе се задржат во папката Recently Deleted 30 дена, а потоа автоматски ќе се избришат засекогаш. Исклучок од тоа се само Stories, кои во корпата ќе останат само 24 часа.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -