Основачот на Amazon, Џеф Безос, се повлекува од функцијата извршен директор

- Advertisement -

Основачот и извршен директор на Amazon, Џеф Безос, се повлекува од функцијата извршен директор на компанијата во третиот квартал од годинава. Насместо изврпен директор, Безос ќе биде извршен претседател на одборот на компанијата.

Гигантот за е-трговија денес го најави повлекувањето на својот лидер-вбизионер од челната позиција. Истовремено, истакнаа дека забележале рекордни приходи во текот на празничната сезона. Минатата година Безос, кој го изгради Amazon од стартап со седиште во трисобен стан во Сиетл до гигантот што е денес. А самиот стана првата личност во историјата која има богатство поголемо од 200 милијарди долари според индексот на милијардери на Bloomberg.

- Advertisement -

Во имејлот кој го испрати до сите вработени Безос најави дека планира да се фокусира на други иницијативи и на нови производи во рамките на својата улога во одборот. Тој исто така наведе дека транзицијата ќе му овозможи слободно време за повеќе филантропски активности.

„Како претседател на одборот ќе учествувам во носењето на битни одлуки за Amazon и ќе имам време и енергија за да се фокусирам на фондовите Day 1 Fund, Bezos Earth Fund, Blue Origin, The Washington Post и на други работи кои ме интересираат. Никогаш не сум имал повеќе енергија отколку сега и јас ова не го сметам за пензионирање. Силно верувам во она што можат да го постигнат тие организации“ напиша Безос.

- Advertisement -

Тој се осврна и на иновациите во компанијата.

„Иновациите се во телемите на нашиот успех. Ние први воведовме коментари од корисниците за производите, 1-Click, персонализирани препораски, неверојатно брзата достава со Prime, Kindle, Alexa, инфраструктура за работа во облак и што уште не. Ако работите правилно, после неколку години иновацијата станува нешто нормално. Луѓето велат дека тоа постои одамна, а тоа е најголемиот комплимент за еден иноватор“ вели Безос.

- Advertisement -

Енси Сеси, сегашниот шеф на Amazon Web Services, ќе го замени Безос како изврпен директор на Amazon. Како најголемата облак платформа во светот, AWS сочинува повеќе од полобина од оперативните приходи на компанијата. Од Amazon вчера открија дека приходите на AWS се зголемиле за 28% на 12,7 милијарди долади во четвртиот квартал на 2020 година.

(Inc.com)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -