Велика Британија го гради првиот аеродром за летачки возила во светот

- Advertisement -

Пазарот за електрични летачки такси возила може да достигне вредност од 500 милијарди долари само во САД, но технологијата се уште се соочува со регулаторни предвизвици.

Во Велика Британија годинава ќе биде пуштен во употреба аеродром кој е поинаков од сите други. Имено, аеродромот за електрични летачки такси возила ќе биде пуштен во функција подоцна годинава во близина на градот Ковантри.

- Advertisement -

Колку и да звучи измислено, аеродромот се подготвува да биде функционален од ноември годинава. Го носи името Air-One и ќе биде отворен само еден месец. Изграден е во соработка на владини агенции, приватни компании и авиоиндустријата. Развиен е во Urban Air Port со помош на Одделот за урбана воздушна мобилност на Hyundai Motor Group.

Поп-ап аеродромот се гради како концепт за идните градби со нула емисија на гасови за футуристички превозни средства.

- Advertisement -

„,За автомобилите се потребни патишта. За авионите се потребни аеродроми. За електричните летачки возила се потребни Urban Air Ports. Летачките автомобили порано се сметаа за футуристички и луксузни, но Air-One ќе го доближи таквиот транспорт до народот“, велат од Urban Air Port.

Моментално во Велика Британија нема летачки автомобили и дронови кои превезуваат патници, но новиот аеродром го привлекува вниманието на повеќе логистички компании. Користењето дронови за превоз се дискутира веќе подолго време, но се отфрла како опција поради опасностите за транспорт во густо населени места. Но, во аеродромот ќе биде претставена технологијата на Malloy Aeronautics за превоз на стока помеѓу транспортни хабови со големи карго дронови.

- Advertisement -

Британската влада издвои грант од 1,64 милијарди долари за Urban Air Port, од кои 171 милиони долари се од Фондот за индустриски стратешки предизвици.

(World Economic Forum)

(фото: Urban Air Port screenshot)

Сподели!
- Advertisement -