Apple прави магнетен полнач за својот iPhone

- Advertisement -

Apple наводно развива нов магнетен полнач за својот iPhone, кој ќе се прикачува на задниот дел од телефоните со помош на MagSafe. Иако некои прототипови имаат гумена надворешност, полначот за батерии нема да има двојна улога како заштита за батериите на iPhone. Освен детали за новиот полнач, Bloomberg исто така пишува дека новите модели на iPhone сигурно ќе ја имаат и опцијата за безжично полнење.

Полначот за батерии наводно се развива веќе подолго од една година, но се соочиле со проблеми со софтверот на iPhone затоа што наводно полначот ја прегрева батеријата. Bloomberg потенцира дека од Apple се внимателни с своите аксесоари за полнење откако беа принудени да го откажат производството на безжичниот полнач AirPower во 2019 година.

- Advertisement -

Магнетниот полнач ќе биде последниот додаток во низата аксесоари MagSafe за iPhone 12, кои се прикачуваат на задниот дел од телефоните со помош на кружни магнети. Меѓу претходните аксесоари имаше полнач за на ѕид, како и магнетни паричници.

Други производители на аксесоари исто така работат на слични производи како магнетниот полнач на MagSafe. 9to5Mac пишуваше за сличен производ на крајот на минатата година, кој се продаваше на Alibaba и на Aliexpress под различни имиња.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -