Поставен камен темелник на градот во кој ќе се тестираат нови технологии

- Advertisement -

Неодамна пишувавме за неуспехот на Google во развојот на паметни градови. Проектот за паметниот град во близина на Торонто и проектот благодарение на кој Портланд требаше да стане паметен пропаднаа поради несогласувања околу споделувањето податоци, транспрарентноста и губењето на довербата меѓу градските власти и компаниите на Google, Sidewalk Labs, односно Replicа.

Но, додека на запад таквите амбициозни проекти почнуваат, па се стопираат, на Далечниот Исток е поставен камен-темелник на јапонскиот град на иднината. Toyota уште на почетокот на минатата година на технолошкиот саем CES во Лас Вегас го најави проектот за футуристичкиот град Woven City, а неделава почнаа со неговата изградба и јасно е дека и пандемијата не ги спречи.

- Advertisement -

Woven City ќе биде сместен на подрачјето на поранешна фабрика на Toyotа со фантастичен поглед на еден од симболите на Јапонија – планината Фуџи. Градот ќе се гради од нула и во него во реални услови ќе се овозможи тестирање и користење на технологии на иднината – од роботика, целосно автономни автмобили и јавен превоз до паметни куќи итн.

За изградба ќе се користат одржливи материјали, додека сета енергија потребна за Woven City ќе доаѓа од обновливи извори на енергија, превенствено водород и соларни ќелии. Сите згради, возилата и останатата инфраструктура ќе биде поврзано со посебна градска мрежа со која ќе управува вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Градските улици и патиштата ќе бидат поделени во три зони – една само за брзи возила, една за бавни возила како електрични скутери и велосипеди и пешаци, додека третата ќе биде само за пешаци. Исто така, ќе има и подземни патишта наменети за камиони и други возила за достава.

На почеток во градот треба да живеат само 360 луѓе, најголем дел од нив постари и со деца, но и иноватори, додека со тек на време бројот на жители треба да се зголеми на повеќе од 2.000, вклучувајќи и некои вработени во Toyotа.

- Advertisement -

(Motor Authority)

(фото: Toyota screenshot)

Сподели!
- Advertisement -