Porsche го зголеми својот удел во Rimac Automobili на вкупно 24% со најновата инвестиција од 70 милиони евра, соопштија од Rimac Automobili. Porsche, кој во компанијата од Света Недела по прв пат инвестираше во 2018 година, така сега е најголем косопственик заедно со Римац.
„Porsche постојано ја поддржуваше нашата компанијата од 2018 година и секогаш е привилегија да се има еден од најголемите брендови за спортски автомобили, како дел од Rimac Automobili. Горди сме на заедничката работа на нови возбудливи и електрични производи и на фактот дека довербата на Porsche во Rimac резултираше со неколку инвестиции, со што Porsche стана битен акционер во компанијата“ изјави Мате Римац, основач на Rimac Automobili.
За потсетување, Porsche во 2018 година стекна удел од 10%, во 2019 година ја зголеми инвестицијата на 15,5%, за со последната инвестиција да се зголеми на 24%. Покрај Porsche, последната година во Rimac Automobii инвестираа и други автомобилски гиганти како Hyundai, Kia, Aston Martin, Koenigsegg, Automobili Pininfarina и други.
„Битно ни е да останеме целосно независни. Нашите проекти и акционерите сеи секогаш ќе бидат целосно одвоени, што ни овозможува да задржиме информациски огнен ѕид на кој се потпираат партнерите и ни овозможува да продолжиме да работиме со бројни компании. Партнерството со Porsche ќе и помогне на компанијата да се развива и да расте, што на крај ќе биде во интерес и на сите наши купувачи“ вели Римац.
Rimac е на пат да стане главен доставувач за Porsche и за други производители во овој високотехнолошки сегмент, велат од Porsche и додаваат дека веќе нарачале од Rimac развој на многу иновативни серии на компоненти.
(Zimo)
(фото: Wkimedia)