Осум европски земји ја суспендираа вакцината на AstraZeneca

- Advertisement -

Осум европски земји ја стопираа употребата на на вакцината на AstraZeneca поради загриженост во врска со згрутчување на крвта. Италија, Данска, Австрија, Латвија, Естонија, Литванија и Луксембург ја суспендираа вакцинацијата со вакцините од серија од 1 милион дози кои се испратени во дури 17 европски земји. До стопирањето на вакцинацијата на две недели во Данска дојде поради извештајот за сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓе вакцинирани со таа вакцина.

Данските здравствени експерти нагласуваат дека моментално не е утврдено дека постои врска меѓу вакцината и згрутчувањето на крвта. Истовремено, Белгија најавува дека засега нема да ја стопира примената на вакцината на AstraZeneca и дека во земјата нема познати случаи на згрутчување на крвта после вакцинација.

- Advertisement -

Европската агенција за лекови почна истрага по повод наводите за можна врска меѓу вакцината и згрутчувањето на кврта кај луѓе кои ја примиле вакцината. Норвешките здравствени власти соопштија дека поради внимателност ја стопираат примената на вакцината на AstraZeneca, следејќи го примерот на Данска.

Италијанската агенција за лекови ја забрани истата вакцина во целата земја поради сериозни несакани ефекти после вакцинацијата. Иако посочуваат дека моментално нема докажана поврзаност меѓу вакцинацијата и нуспојавите.

- Advertisement -

AstraZeneca, која ја произведе вакцината во соработка со Универзитетот Оксфорд, ја брани безбедноста на својот производ. „Безбедноста на вакцината е темелно проверена во клинички испитувања во текот на третата фаза и податоците потврдуваат дека вакцината општо добро се поднесува“ изјави портпаролот на компанијата.

И британската влада изјави дека вакцината на AstraZeneca е безбедна и делотворна.

- Advertisement -

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -