Tesla поминува низ кадровски промени, но сигурно не такви кои би ви паднале на памет. Имено, шефот на Teslа, Илон Маск, повеќе не е шеф на компанијата, туку сега е нејзин „техно крал“.
Од Teslа стигна соопштение кое збуни многумина, а станува збор за пријава во американската Комисија за хартии од вредност во која се наведува дека Илон Маск е „техно крал“ на компанијата, а Зак Кирк е нејзин „господар на парите“. На крајот на пријавата се наведува и дека И.лон и Зак исто така остануваат на позициите извршен директор и главен финансиски директор.
Маск неодамна го изгуби статусот најбогат човек во светот после падот на акциите на Teslа во февруари. Tesla во 2020 година имаше неверојатен раст на акциите од над 600%, а аналитичарите тврдат дека тоа е поради визијата на Маск за доминација на пазарот со нула емисија на гасови.
Во јануари и февруари годинава беше забележан пад на цената на акциите од 14%, за што придонесоа и пожарот во фабриката во Фримонт, како и извештајот за 450 работници позитивни на КОВИД-19 во Teslа во текот на декември 2020 година.
Маск има репутација на шегаџија кој често ги поместува границите на тоа што правилен и традиционален имиџ на извршен директор на една компанија. За него Twitter е згодна алатка за предизвикување на новинарите и владините регулаторни тела.
(The Verge)
(фото: Wikimedia)