Facebook претстави нова алка со која ги контролирате компјутерите со својот ум

- Advertisement -

Првите паметни очила на Facebook треба да бидат готови оваа година, но наредниот модел можеби ќе ви овозможи да ги контролирате компјутерите со својот ум, се вели во нова објава на блогот на Facebook Reality Labs.

Компанијата замислува AR очилата да работат заедно со мека алка која може да ги следи движењата на рацете и на прстите. Facebook го дели неуралниот инпут на две фази. Првата е развојот на технологија за наурален инпут која ја мери внатрешната активност на електричните импулси на човечкото тело, особено на главата и на рацете, и ги претвора тие сигнали во инпути за контролирање на компјутер.

- Advertisement -

Тоа може да послужи како кратенка за давање команди со прстите или рацете, мускулите кои веројатно би реагирале побавно отколку компјутерски инпут, и со тоа регистрирајќи ги електричните сигнали пред да стигнат со човечките мускули на прстите. Facebook сака да најави повеќе истражување и развој на мека роботика, како и развој на хаптички ракавици подоцна годинава.

Истражувачите од Facebook Reality Labs велат дека нивниот AR контролер ќе понуди многу понапредни можности како виртуелен интерфејс осетлив ан допир и предмети, како и способноста да се подигаат виртуелно предмети на дистанца. Таа нова технологија може ќе овозможи и пишување на виртуелна тастатура на скут или на маса, со поголема брзина отколку физичките тастатури.

- Advertisement -

Facebook ги гледа AR и VR како битна област која треба да ја развиваат

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -