Директорот на компанијата Razer, Мин-Лианг Тан, потврди дека проектот Hazel ќе стане реалност, односно дека паметната RGB маска за лице ќе почне да се произведува. Станува збор за концепт уред кој Razer го претстави на CES во јануари годинава. Тоа се маски со RGB светло наречени Projekt Hazel. Маските на Razer поради осветлувањето се провидни, а опремени се и со микрофон и звучник за појачување на гласот кога зборувате.
Се очекува дека маската ќе биде исто ефикасна како N95 маската со бактериски филтер, која стопира 95% од честичките во воздухот. Исто така, ќе може да се подесува за што подобро да прилега на лицето, а ќе има и можност за елиминација на CO2 и внесување чист воздух. Засега не е познато кога ќе почне производството на маската.
(Klix.ba)
(фото: Razer)