Хiaomi претстави уште еден смартфон, а станува збор за телефонот на преклоп Mi Mix Fold. Mi Mix Fold се отвора како Huawei Mate X2 и Samsung Galaxy Z Fold 2, a она по што се разликува од другите е една од задните камери која има течни леќи.
Смартфонот има екран од 8,01 инчи со резолуција од 2.480×1.860 пиксели кој поддржува Dolby Vision, HDR10+. Xiaomi тврди дека ја избрал оваа големина на екран и резолуцијата затоа што нуди најголем однос на екранот и куќиштето за стандардно видео, односно 75% за 16:9 видео во однос на 70% во случајот на Samsung и 63% во случајот на Huawei. Исто така, овој флексибилен екран е тестиран и може да издржи најмалку милион преклопувања, а шарката за прецизност е најмалку 200.000 превиткувања.
Корисникот може да користи и помал екстерем АМОЛЕД екран од 6,52 инчи со резолуција 2.520×840 пиксели со Dolby Vision поддршка и поголема светлина. Во неговиот горен дел се наоѓа изрез со селфи камера од 20 MP. Мно во него има три камери – главната Samsung ISOCELL HM2 од 108 MP, ултраширока од 13 MP и бионичка камера од 8 MP.
Бионичката камера со течна леќа користи мотор за прецизно манипулирање на течноста за да се направи префрлање од telephoto modе (3x оптичко или 30x хибридно зумирање) на maсro mode. Оваа течност функционира на температури од 40 и 60 степени.
За да се унапреди квалитетот на сите камери Xiaomi разви сопствен процесор на сигнали на слики наречен Surge C1, кој нуди побрз автофокус, автоматски баланс на белата боја и автоматска експозиција. Ова е втор процесор на Xiaomi, кој долго се чекаше затоа што Surge S1 е дел од моделот Mi5C од 2017 година.
Mi Mix Fold работи на процесорот Qualcomm Snapdragon 888 5G, има до 16 GB RAM и до 512 GB внатрешна меморија, а го напојува батерија од 5.020 mAh која поддржува брзо полнење од 67W и е најдобра на пазарот. За најдобро да се искористи флексибилниот екран, телефонот има четири звучници кои се развиени во соработка со компанијата Harman Kardon. Исто така, и пеперутка систем за разладување, кој е задолжен за ладење на целиот уред.
Продажбата на кинескиот пазар, за каде што е и наменет смартфонот, почнува на 16 април, а моделот со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија ќе чини околу 1.500 долари.
(Klix.ba)
(фото: Mi screenshot)