Facebook сега користи 100% обновлива енергија

- Advertisement -

Токму навреме за Денот на планетата Земја од Facebook објави дека сите нивни операции сега се одвиваат користејќи 100% енергија од обновливи извори. Социјалната мрежа објави дека е нергетските цели кои ги зацртале во 2018 година успеале да ги достигна три години подоцна и денес се едни од најголемите корпоративни потрошувачи на обновлива енергија.

Facebook ја намали емисијата на стакленички гасови за 94% и ја надмина својата првично зацртана цел од 75%. Компанијата успеа да ги достигне цели со склучување договори за снабдување со над 6 гигавати енергија од ветар и соларна енергија во САД и во пет други земји. Се на се, сите тие активности резултираа со 8 милијарди долари инвестиции во 63 проекти за соларна енергија и енергија од ветар.

- Advertisement -

Во пресрет на Денот на планетата Земја идната недела Facebook не само што објави за достигнувањето на своите цели туку компанијата исто така соработува со климатски организации со цел да ги информира луѓето во целиот свет како да помогнат во минимизирањето на климатските промени.

На сите свои платформи на 22 април Facebook ќе промовира посебни содржини врзани за климатските промени. Ќе емитува во живо виртуелен настан за Денот на планетата Земја каде што светски лидери, јавни личности, активисти, музичари и други ќе дискутираат за климатските промени и како секој може да помогне. На својот блог Oculus, Facebook ќе споделува документарци за спас на планетата. Исто така, ќе соработува со National Geographic на нови 360 позадини за луѓето вирутелно да можат да ги искусат националните паркови во светот.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -