Pfizer и BioNTech предадоа барање за одобрување на вакцините против КОВИД-19 за деца од 12 до 15 години

- Advertisement -

Германската компанија BioNTech и нејзиниот партнер Pfizer денес поднесоа барање до Европската агенција за лекови за одобрување на вакцината против корона вирусот и за вакцинирање на деца.

Пзарната дозвола треба да биде изменета за со вакцината Biontech/Pfizer против корона вирусот да може да се вакцинираат и деца на возраст од 12 до 15 години. Истото барање е поднесено и при американската Агенција за храна и лекови.

- Advertisement -

Барањето за употреба на вакцината кај децата и млaдите е проследено со податоци од студии спроведени на 2.260 деца на возраст од 12 до 15 години. Според тие податоци, вакцината кај таа старосна група покажува 100% ефикасност.

Директорот на BioNTech, Угур Сахин, најави во четвртокот дека вакцината против корона висурот кај таа старосна група ќе може да се користи уште во јуни годинава, а кај децата од 6 месеци наесен.

- Advertisement -

Моментално вакцината против корона вирусот на Biontech/Pfizer во Европската унија е дозволена само за деца постари од 16 години. Германскиот министер за здравство изјави дека реално е да се очекува децата да почнат да се вакцинираат од ова лето.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -