Од 1 јули се укинува роамингот за земјите од Западен Балкан

- Advertisement -

Надоместокот за роаминг во земјите од регионот целосно ќе исчезне од 1 јули, што ќе значи повеќе пари во буџетот за граѓаните на овие земји, но и за деловните субјекти, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC) Мајлинда Брегу.

Брегу за Радио Слободна Европа изјави дека граѓаните со тоа ќе имаат повеќе пари во џебот, оние што би се потрошиле доколку ги плаќаат тие сметки во регионот поради тарифите за роаминг.

- Advertisement -

„Второ, мислам дека е важно да се нагласи дека не само што е зголемен бројот на луѓе кои користат интернет, туку и за време на пандемијата сфативме дека е зголемена количината на време што луѓето го поминуваат на интернет, што исто така дава одредена тежина“, рече Брегу.

Таа додаде дека тоа е „одлична порака“ за младите луѓе кои сметаат дека олеснувањето со роамингот е еднакво корисно и како слободата на движење.

- Advertisement -

Таа го поздрави договорот на лидерите на Западен Балкан за заеднички пазар кој, како што рече, ќе има „заедничка политика во областа на иновации, индустријализација, дури и помош за туризам и така натаму“.

„Очекуваме првите работи што ќе бидат на тоа поле да бидат претставени на самитот во Берлин, што ќе се случи до јули, особено оние што се однесуваат на слободата на движење во регионот со лични карти“, истакна Брегу.

- Advertisement -

Таа додаде дека тоа е начин за укинување на визниот режим во регионот затоа што на граѓаните на Косово им требаат визи за патување.

Според неа, постојат билатерални договори меѓу различните економии во регионот, од кои четири можат да патуваат со лични карти, како што се Албанија и Северна Македонија или Црна Гора, но има и визен режим меѓу Косово и Босна и Херцеговина.

„И, визниот режим не е, така да се каже, проблематичен само за оние кои би сакале да ја посетат, само од туристички причини. Како прво, тоа е голем проблем за младите и голем проблем за деловната заедница “, додаде Брегу

Сподели!
- Advertisement -