Baidu ги пушти во употреба првите комерцијални роботски такси во Кина

- Advertisement -

Кинескиот технолошки гигант Baidu ја лансираше орвата комерцијална роботска такси услуга во Кина. Нивните автономни возила Apollo ќе возат патници за пари во близина на паркот Шоуганг во Пекинг.

Овој потег на компанијата следува после тестирањето од минатата година, а де надеваат дека ќе се прошират во други градови во земјата. Тестирањето на роботската такси услуга без возачи во Пекинг доби зелено светло минатата година. Од компанијата велат дека овие возила сега имаат поминато повеќе од 10 милиони км и сега се преземаат клучните чекори за нивна комерцијализација.

- Advertisement -

Роботската такси услуга се вика 5G Remote Driving Service, а корисниците ќе можат да повикаат возило преку апликацијата Apollo Go. Потоа го скенираат QR кодот за да го потврдат својот идентитет и да влезат во автомобилот. Копчето Start the Journey потоа се користи за да почне возењето. Возилото ќе тргне само ако се затворени сите врати и ако се ставени појасите.

Нема да има возачи, а операторите ќе можат да го контролираат возилото на далечина ако има итен случај. Освен тоа, од Baidu велат дека роботските такси ќе ги транспортираат корисниците до спортски сали, до работа, до кафулиња и хотели околу паркот Шоуганг. Од Baidu додаваат и дека посетителите на Олимписките игри во 2022 година ќе можат да ги користат роботските такси.

- Advertisement -

(New Atlas)

(фото: Apollo)

Сподели!
- Advertisement -