САД го повлекува Xiaomi од црната листа

- Advertisement -

Американското Министерство за одбрана ќе го отстрани кинески Xiaomi од владината црна листа со компании, покажуваат судските записи, поради што се отвора пат за идни инвестиции во тој производител на паметни телефони.

Во судските записи е наведено дека двете страни ќе се договорат да ја разрешат постојната парница без понатамошни спорови, поради што е ставен крај на краткорочниот и контроверзен спор меѓу компанијата и Вашингтон.

- Advertisement -

Xiaomi се уште нема коментар на тоа. Претходно годинава американското Министерство за одбрана, под администрацијата на Трамп, прогласи дека компанијата е поврзана со кинеската војска и беше ставена на листа која забранува американски инвестиции во компанијата.

Xiaomi брзо одговори на тоа и против американската влада поднесе тужба нарекувајќи го таквиот третман незаконски и неуставен и негираше каква било поврзаност со кинеската војска.

- Advertisement -

Во март годинава под администрацијата на Џо Бајден сојузен судија привремено ја блокираше активацијата на црната листа. Како што се шири веста за одлуката на новата администрација на САД, акциите на Xiaomi на берзата во Хонгконг скокнаа за 6%.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -