Подвижна воденица пумпа вода на оддалеченост од неколку километри

- Advertisement -

Без никакво гориво, без електрична енергија, само со силата на природата оваа воденица пумпа вода до руралните фарми кои се оддалечени со километри од некој извор на вода. Воденицата ја користи моќта на водата од реките за да ја испумпа водата на големи растојанија, а функционира многу едноставно. Се става во реката и речната вода го ротира тркалото и му возможува да се движи по водата, но и да ја пумпа водата надвор.

Воденицата е од голема помош за фармерите во руралните средини. Пред поставувањето на воденицата, која се вика Barsha Pump, фармерите морале да носат вода со кофи по 6 часа на ден за да ги одржат посевите во живот. Одгледувачите на лубеници кои сега ја користат Barsha Pump велат дека пред да ја постават нивните лубеници тежеле по околу 8 кг, а сега тежат од 12 до 15 кг.

- Advertisement -

Barsha Pump ја создадоа инженери од Непал со цел да им помогнат на руралните фармери да почнат да користат одржлива технологија и истовремено да имаат поголем профит и поголеми и поквалитетни приноси од посевите.

Во моментот пумпата се користи во Азија, Јужна Америка и во Африка, со надеж технологијата да се прошири низ целиот свет.

- Advertisement -

(Waste-Ed)

(фото: aQysta screenshot)

Сподели!
- Advertisement -