Microsoft и LinkedIn нема да ги вратат вработените во канцеларија

- Advertisement -

Microsoft и LinkedIn не очекуваат целосно враќање на вработените во канцеларија и наместо тоа размислуваат за пофлексибилен пристап. Сатја Надела и Рајан Рослански, извршните директори на Microsoft и LinkedIn, се појавија на TechCheck да дискутираат за тоа како двете компании бараат начини за поддршка на работењето на далечина наместо да планираат сите вработени да се вратат во канцеларија затоа што се влошува ситуацијата по појавата на делта варијантата на корона вирусот.

Се обидовме да одредиме точен датум кога ќе се вратат сите во канцеларија, но тоа нема да функционира затоа што не знаеме што друго ќе донесе пандемијата и кои се нејзините глобални импликации. Мислам дека понекогаш размислуваме, но станува збор за целиот конектиран свет. Затоа мора да оставиме работите да се стишат“ изјави Надела.

- Advertisement -

Рослански го поддржа тој став: „Многумина мислеа дека досега се требаше да се врати во нормала, а денот кога ќе се случи тоа всушност изгледа се подалеку и подалеку“.

Оваа негова изјава следува откако Microsoft најави дека враќањето на вработените во канцеларија се одложува на неопределено време. Технолошкиот гигант претходно имаше најавено дека нивните канцеларии ширум светот ќе се отворат на 7 септември, а во август тој датум беше поместен за 4 октомври.

- Advertisement -

Од LinkedIn во јули најавија дека ќе дозволат поединечни тимови да одлучат сами дали ќе се вратат во канцеларија или ќе работат од дома со полно работно време, или пак, ќе усвојат некој хибриден начин на работа.

Други компании како Google и Amazon исто така ги најавија своите планови за враќање во канцеларија, а тоа наиде на негодување од вработените. И двете технолошки компании оттогаш го сменија својот став и рекоа дека се отворени за флексибилност во работата.

- Advertisement -

(Business Insider)

Сподели!
- Advertisement -