Првите таблети против ковид чекаат одобрување. Се тврди дека го намалуваат ризикот од смрт и до 50%!

- Advertisement -

Оралната терапија на компанијата „Мерк“ го преполовила ризикот од хоспитализација и смрт од ковид-19, наведува Си-ен-ен, пренесувајќи го соопштението на фармацевтскиот гигант. 

Доколку Американската управа за одобрување на итна употреба на храна и лекови го одобри овој орален антивиротик, тогаш тоа би било прво апче кое станува дел од редовниот протокол за лечење. 

- Advertisement -

Според првичните анализи, молнупиравирот го наалил ризикот од хоспитализација и до 50%. Само 7,3% од учесниците во истражувањето завршиле во болница или починале во првите 30 дена по третманот со овој лек, додека пак кај оние кои примиле плацебо таблета, овој процент изнесува 14,1 отсто. 

Од „Мерк“ ѝ порачуваат на ФДА што побргу да го одобри лекот, за да се даде нова шанса во борбата против ковид-19. Досега само еден антивиротик е одобрен за третман на ковид-19 и се работи за ремдесивир, кој се дава преку вена, кај пациентите кои се на болничко лекување – но не е наменет ниту за рана ниту за широка употреба. 

Сподели!
- Advertisement -