Која земја го има најмоќниот пасош во светот?

- Advertisement -

Денес беше објавена најновата листа со најмоќни пасоши во светот на според Henley Passport Index. На новата листа Јапонија и Сингапур ги имаат најмоќните пасоши во светот во моментот. И двете нации можат слободно да одат без потреба од виза во 192 земји во светот.

Германија и Јужна Кореја го делат второто место со 190 земји кои можат слободно да ги посетат, а Финска, Италија, Луксембург и Шпанија се најдоа на третото место. Велика Британија и САД паднаа на седмо место, заедно со Чешка, Грција, Малта и Норвешка.

- Advertisement -

Базиран на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), Henley Passport Index ги рангира сите пасоши во светот според бројот на дестинации каде што може да се појде без да се вади виза. Последните податоци покажуваат дека во северните земји, кои имаат највисоко рангирани пасоши, се воведени најстроги рестрикции за влез на странци поради КОВИД-19, додека многу земји со понизок ранг на пасошот ги отворија своите граници без тоа да го сторат и другите земји кон нив.

„Со тоа се создава еден се поширок јаз во слободата на движење на целосно вакцинираните луѓе од земји на долниот крај на листата, за кои затворен е најголем дел дд светот“ се вели во анализата на Henley.

- Advertisement -

На пример, Египет, кој се наоѓа на 97 место, моментално нема никакви рестрикции за влез на странци во земјата, додека неговите жители без виза можат да влезат во само 51 дестинација во светот. Слично на него, Кенија, која е на 77 место и нема рестрикции за влез на други државјани во земјата, има слободен безвизен пристап во само 72 земји во светот.

Во продолжение можете да ја погледнете листата со топ 10 најмоќни пасоши во светот:
1.Јапонија, Сингапур (192)
2.Јужна Кореја, Германија (190)
3. Италија, Финска, Шпанија, Луксембург (188)
4.Данска, Австрија (189)
5.Шведска, Франција, Португалија, Холандија, Ирска (187)
6.Швајцарија, Белгија, Нов Зеланд (186)
7.Норвешка, Грција, Малта, Чешка, САД, Велика Британија (185)
8.Канада, Австралија (184)
9.Унгарија (183)
10.Литванија, Полска, Словачка (182)

- Advertisement -

(The Independent)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -