Во Тексас се печати цел градски кварт од 100 куќи

- Advertisement -

Американската градежна компанија Icon, која во градењето користи напредни технологии, се здружи со градителот на станбени објекти Lennar за заеднички да нјаправат една цела населба во Тексас со користење на 3Д принтерот Vulcan.

Icon моментално доминира на полето на градежништвото со помош на 3Д печатење, а својата технологија планира да ја донесе и на Месечината и да стане првата градежна компанија која ќе склучи договор за изградба на други вселенски тела во Сончевиот систем.

- Advertisement -

Пред да го склучи дговорот со Lennar, Icon во Тексас со помош на 3Д принтер веќе изгради 4 семејни куќи во Остин, а сега планира да направи дури 100 со помош на дизајнери од студиото Bjarke Ingels Group (BIG).

Овој проект, кој ќе биде најголемото соседство составено од 3Д печатени домови во светот, уште во голем дел се држи во тајност како што е квадратурата и бројот на простории во куќите, но познато е дека секоја куќа ќе биде за едно семејство и дека се ќе биде на еден кат. Покрај тоа, познато е дека ќе имаат кровови со интегрирани соларни плочи за да се намали зависноста од електричната мрежа.

- Advertisement -

Процесот на изградба ќе биде како други слични проекти, што значи дека 3Д принтерот Vulcan ќе исфрла слој по слој мешавина налик на цемент и ќе направи оснвона структура за секоја куќа, односно школка за куќата. Потоа работата ќе ја довршат градежните работници, кои ќе додадат кров, врати, прозорци, водоводна и електрична инсталација.

Градбата на првиот 3Д печатен кварт во светот ќе почне во текот на идната година. Што се однесува на цената на 3Д печатените домови, не е позната за новите куќи, но претходните семејни куќи на Icon се продаваа по цена од 450.000 долари, што значи дека не се економични.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Icon)

Сподели!
- Advertisement -