Автобус без возач доби дозволa за превоз на луѓе во Франција

- Advertisement -

Додека многумина се скептични во врска со најавата на Мате Римац за роботизирани такси возила кои во 2024 година ќе превезуваат луѓе низ Загреб, француската компанија EasyMile докажа дека такво нешти е возможно уште денес. Нивниот автономен автобус EZ10 кој може да превезува 12 лица од март годинава се тестира во Тулуз, а компанијата сега доби и дозвола за користење на автобусот на јавните патишта. И тоа без човек кој ќе може да реагира во случај да има потреба.

Ова е првиот пример каде што некое автономно возило добило дозвола за движење по јавните патишта во Европа, напиша на Twitter францускиот министер за сообраќај, Жан Батист Џебари. Автобусот ќе може слободно да се движи и да го дели патот со други возила, велосипедисти и пешаци, а со него ќе управува исклучиво компјутер. Автономното возило EZ10 има четврто ниво на автономија, а дозволата која ја доби EasyMile се однесува на делот од пат во должина од 600 метри.

- Advertisement -

Ова е битен чекор кон комерцијализација на возењето, вели генералниот менаџер на EasyMile, Беноа Перен. Тој нагласи дека иако во возилото нема човек кој ќе го преземе управувањето ако има потреба, со него и понатаму ќе може да се управува на далечина, односно управувањето со возилото ќе го преземе посебен контролен центар.

(Euronews)

- Advertisement -

(фото: Easy Mile)

Сподели!
- Advertisement -