Македонската компанија „Брансис“ на најголемиот саем за иновации во Лас Вегас

- Advertisement -

Македонската компанија „Брансис“ ДООЕЛ Скопје ќе учествува на годинашниот саем за иновации во Лас Вегас (ЦЕС) што ќе се одржува од 5-7 јануари.

Како што информираат од „Брансис“, CES 2022 ќе го прикаже новиот бран иновации кои ќе ги обликуваат 2022 година и идната економија, а ќе биде во хибридна форма со оглед дека нуди и дигитална верзија https://www.ces.tech/.

- Advertisement -

-На саемот изложуваат многу светски познати компании кои унапредуваат два од најактуелните технолошки мегатрендови: интелигентна автоматизација и еволуција на метаверзумот. Не е изненадувачки што медицинската технологија ќе биде во фокусот и оваа година. Но, како и секогаш, најраспространети и во центарот на вниманието на настанот се автомобилската технологија и иновативните гаџети, наведуваат од „Брансис“ и додаваат дека на саемот ќе учествуваат повеќе од 1 900 изложувачи со врвни светски технолошки иновации.

Иновативната IoT платформа развиена од „Брансис“, која ќе биде претставена оваа година на CES, е целосно автоматизирано решение и ќе им овозможува на компаниите без грешки да ја следат целата својата опрема, алати, средства, контејнери и возила.

- Advertisement -

„Брансис“ ги повикува и остатаните технолошки компании од земјава да се регистрираат и да се придружат на штандот на Bransys 9656 во Лас Вегас за да ги дознаат најновите трендови и Internet-of-Things иновациите. Компаниите можат да закажат и бесплатна демо презентација со експертскиот тим на „Брансис“ преку sales@bransys.com.

На CES 2022 се очекува физички, директно, да присуствуваат над 2 000 изложувачи.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -