Компанијата „Мета“ денес објави дека нејзиниот извршен директор Марк Закерберг би можел да ја напушти Калифорнија ако таа федерална држава воведе данок за милијардери, објавува списанието Политико.
Компанијата соопшти дека Закерберг го информирал својот специјален комитет за можноста, по што било одлучено да му се понуди финансиски стимул за да продолжи да ја води компанијата со седиште во Калифорнија во следните осум години – и покрај ризикот од „значајна даночна обврска што би можела да изнесува милијарди долари“.
Според планот на Мета, наведен во официјален документ поднесен до регулаторите, компанијата би создала нова класа акции што би му овозможила на извршниот директор да продаде до половина од својот економски удел во Мета, а воедно да ја задржи контролата врз гласањето.
„Закерберг го информираше Специјалниот комитет дека размислува да го премести своето главно живеалиште надвор од Калифорнија и дека секој чекор во таа насока – вклучително и пуштањето на неговите станбени имоти во Калифорнија на пазарот – ќе биде јавен. Ова неизбежно би го привлечело вниманието на вработените во компанијата и би ги поттикнало нивните коментари, што, пак, би можело да покрене прашања за менаџментот на компанијата во иднина“, според документот доставен до Комисијата за хартии од вредност (SEC).
Законот за данок на богатство ќе биде пред гласачите во Калифорнија на гласачкото ливче во ноември и ќе наметне еднократен данок од 5 проценти врз богатството на милијардерите.
Неколку истакнати личности од технолошкиот сектор – вклучувајќи го коосновачот на Google, Сергеј Брин, инвеститорот Рон Конвеј, извршниот директор на Dordesh, Тони Сју и крипто-милијардерот Крис Ларсен – ветија милиони долари за да го спречат усвојувањето на мерката.
(021.rs)
Фото – Founder Media University Executive Mark Zuckerberg Chief from FreePNGimg.com




























