Предложено укинување на маските во затворен простор

- Advertisement -

Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои вчера на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗБ). Сепак новите препораки и очекуваните следни мерки на олеснување од рестрикциите не значат дека пандемијата е завршена.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски информира дека Комисијата по разгледаната епидемиолошка состојба во државата, заклучила дека моменталните услови овозможуваат да се размислува за намалување на рестриктивните мерки и препорачува укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор.

- Advertisement -

– Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие затворени објекти или како да ги класифицираме, останува задолжителното носење на макси. Од сите останати затворени простор маските може да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува веќе, истакна Петличковски на прес-конференција.

Фото – Pikist

Сподели!
- Advertisement -