Екстремни мерки во Пекинг: тестираат милиони луѓе и затвораат делови од градот

- Advertisement -

Во Пекинг започна тестирањето на милиони жители и затворањето на бизнис делови од градот поради новиот бран на пандемијата на КОВИД-19. Иако во градот со над 21 милион жители беа откриени околу 40 нови случаи од избивањето на новиот бран на пандемијата во петокот минатата недела, властите презедоа екстремни мерки за да го спречат ширењето на вирусот.

Жителите на Пекинг останаа дома и набавија залихи од храна за во случај на ограничување на нивното движење, што веќе беше случај со повеќе кинески градови, меѓу кои и кинескиот финансиски центар Шангај. Централниот град Аниџанг и Дандонг на границата со Северна Кореја исто така најавија затворање на градовите затоа што таму се шири варијантата омикрон.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -