Роскосмос ја напушта Меѓународната вселенска станица

- Advertisement -

Генералниот директор на руската вселенска агенција, Дмитриј фото, потврди дека Русија ја напушта Меѓународната вселенска станица. Рогозин рече дека Москва одлучила да го напушти интернационалниот проект поради економските санкции кои и да наметнати на Русија после инвазијата врз Украина. Овој потег е крај на ерата на глобална соработка и кулминација на лошите односи.

САД и Русија веќе направија планови за иднина кои не ја вклучуваат Меѓународната вселенска станица, а Русите уште порано порачаа дека сакаат да направат свои вселенски операции без соработка со Американците.

- Advertisement -

Руските медиуми пренесоа дека оваа изјава на Рогозин воедно е и официјална изјава.

“Одлуката веќе е донесена и не мора за тоа да зборуваме јавно. Можам само да речам дека во склад со нашите обврски, ќе ги известиме нашите партнери за прекинот на соработката една година однапред” додаде Рогозин.

- Advertisement -

Милијардерот Илин Маск рече дека неговата компанија SpaceX може да помогне за Меѓународната вселенска станица да остане оперативна.

Најавата на Роскосмос означува крај на една ера на успешна научна соработка меѓу Москва и Вашингтон. На станицата од 1997 година соработуваа Русија, Канада, САД, Јапонија и Европската вселенска станица.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -