Седум иновации кои ги чуваат луѓето безбедни од корона вирусот

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот го исплаши целиот свет и ги натера луѓето да водат многу повеќе сметка за личната хииена и хигиената воопшто. Паниката која предизвика опасниот вирус натера многу иноватори и компании во светот да креираат иновации кои ќе го олеснат живеењето во оваа доба кога важат многу рестрикции со цел спречување на ширењето на вирусот. ви претставуваме некои од нив.

1.Холандскиот ресторан ETEN изгради посебни стакленици каде што гостите се целосно изолирани еден од друг, а храната се доставува на огромни даски за персоналот и гостите да немаат никаков контакт и да бидат на безбедно растојание.

- Advertisement -

2.Финскиот синџир супермаркети Alepa во своите продавници во Хелсинки тестира посебни рачки на вратите и на фрижидерите кои не се отвораат со рака, туку со лакот или подлактицата. Целта на иновацијата е да се спречи контактот со заразни површини и ширењето на корона вирусот.

3.Жена во Индонезија направи заштитни маски за лице со провиден дел кај устата со цел луѓето кои имаат проблеми со слухот да можат да разберат што им се зборува.

- Advertisement -

4.Бегалци од Заатари кампот во Јордан направија робот од ЛЕГО коцки кој чистењето на рацете со средство за дезинфекција го прави многу полесно.

5. Во Сингапур роботот Spot има задача да патролира по парковите и да ги потсетува луѓето дека мора да одржуваат безбедно социјално растојание едни од други.

- Advertisement -

6. Во Јужна Кореја, пак, роботи ги заменија келнерите. Роботот наречен Cabo, на пример, прави одлично виски и ги штити вистинските келнери од блиски контакти со луѓе кои може се потенцијално заразени со корона вирусот.

7. Во САД рестораните тестираат нови начини на достава со цел да се одржи социјалното дистанцирање.

7 amazing inventions that are keeping people safe during the pandemic

The innovations that fought the infection.To discover more innovations like this, or to share your own, sign up to UpLink: wef.ch/uplink

Posted by World Economic Forum on Петок, 26 јуни 2020

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -