Бимилк го одбележа Денот на млекото со донација за Домот за доенчиња – Битола

- Advertisement -

Со донација за Домот за доенчиња во Битола, Бимилк го одбележа Светскиот ден на млекото – 1 јуни. Донацијата се состои во млеко и млечни производи, со што единствената јавна установа за деца без родители и родителска грижа и малолетни родители со деца, е снабдена со млечни производи според потребите.

„Одбележувањето на Светскиот ден на млекото е дел од нашите традиционални донации кон социјално згрижувачки и детски јавни установи, со кои токму на овој ден сакаме да ја потенцираме важноста на млекото во општиот развој. Оваа година, истовремено означувајќи го јубилејот 70 години Бимилк, целото внимание го насочивме кон Домот за доенчиња во Битола, како единствена јавна установа од ваков вид со цел да потсетиме на постојаните потреби што ги има Домот, пред сè од производи за деца. Иако нашата донација е само мал дел од големите потреби на штитениците на Домот, сепак веруваме дека пренесуваме една важна и значајна порака дека грижата за децата и одговорноста за нивниот правилен развој ја имаме сите и секојдневно“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

- Advertisement -

„Освен што донацијата има големо значење за нас и задоволува голем дел од нашите потреби уште и е потврда дека во Битолска млекара имаме партнер и пријател што ја дели истата грижа за децата и за еднаква потреба од здрав и правилен развој. Како установа за деца од цела Македонија, секојдневно се грижиме за да обезбедиме што поквалитетен живот за нив и веруваме дека Бимилк е позитивен пример што ќе го следат и другите компании“, изјави Елена Николовска, директорка на Домот за доенчиња во Битола.

Бимилк како општествено одговорна компанија секоја година го одбележува овој ден со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за неопходните, секојдневни потреби на социјално ранливите категории, особено за децата.

Сподели!
- Advertisement -