Истражување: Колку пари се потребни за идеален живот?

- Advertisement -

Што би одговориле кога би ве прашале колку пари ви се потребни за да живеетеидеален живот и да бидете среќни? Одговорите би се разликувале од човек до човек, но неколку работи се јасни – без пари не можеме да живееме, но среќата не се состои од парите и не сите богаташи се среќни.

Иако луѓето на ова прашање може да одговорат со различни цифри, со повеќе пари веројатно ќе се смени и стило на живот, како и апетитите, затоа што ќе им се отворат некои нови можности за трошење, па конкретниот одговор на тоа прашање е тешко да се најде.

- Advertisement -

Сепак, за да видеа како луѓето мислат за количината пари која им е потребна за да имаат удобен живот, научници спровеле истражување во кое биле вклучени околу 8.000 луѓе од различни земји. Одговорите кои ги добиле научниците се интересни и како и во некои претходни истражувања, се покажало дека најголем дел од луѓето кога би имале прилика да добијат некое богатство, не сакаат да бидат во кожата на мултимилијардери како Илон Маск или Џеф Безос.

Испитаниците најпрвин требало да го замислат својот апсолутно идеален живот, во кој сите нивни материјални потреби се исполнети. Потоа требало да одговорат на прашањето колку пари, ако добијат на лото, би им биле доволни за да бидат финансиски независни до крајот на својот живот. Во истражувањето им биле понудени одговори од 10.000 до 100 милијарди долари.

- Advertisement -

Во поголем дел од земјите испитаниците не биле заинтересирани за најголемата сума. 100 милијарди долари биле интересни за 8% до 39% од испитаниците, зависно од земјата. Најголем дел биле заинтересирани за 10 милиони долари, додека во некои земји најголем дел од луѓето биле задоволни со 1 милион долари, како, на пример, луѓето во Индија и во Русија.

Како што објасни психологот Пол Бејн од Универзитетот Бат, кој бил еден од водителите на истражувањето, се покажало дека повеќе пари сакаат младите луѓе, особено во развиените земји, додека најголеми суми пари побарале луѓето кои живеат во држави кои имаат висока толеранција за нееднаквоста.

- Advertisement -

(Inc)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -