Надица Горгиева која го креираше првиот македонски енергетски пијалок од чиа – ChiaDia, најавува нови вкусови и ширење на нови пазари

- Advertisement -

Надица Горгиевa e млада девојка посветена на здрав животен стил, но и на развој на бизнис приказната за ChiaDia, првиот македонски пијалок од чиа. Започната пред две години кога сестрите Надица и Верица за првпат пробуваат пијалок од чиа и решаваат да развијат сопствена рецептура. ChiaDia, кој успеа да прерасне во успешен и препознатлив бренд на пазарот, е иновативен здрав пијалок на база на чиа, со четири различни вкусови, без шеќери и адитиви.

Создавањето на здрав и енергетски пијалок, за Надица и Верица беше предизвик, особено во времето на пандемијата на Ковид 19, кога сите имавме потреба од зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на физичкото здравје, но нејзината главна цел е и едукација на младите за придобивките од clean-label пијалоци, во однос на енергетски пијалоци полни со адитиви и вештачки бои со кои е преплавен пазарот. Надица ја заврши и Академијата за жени-претприемачки (AWE) во Република Северна Македонија која е поддржана од Амбасадата на САД, a имплементирана од страна на Mакедонско-Американска Aлумни Aсоцијација. На оваа Академија Надица освои второ место за најдобар бизнис план.

- Advertisement -

Новинар – Верица Јорданова

Надица, раскажете ни како се создаде првиот македонски енергетски пијалок на база на чиа?

- Advertisement -

Главната инспирација да го создадеме и лансираме овој иновативен безалкохолен чиа пијалок на нашиот пазар дојде првично од посетата во Мексико каде за прв пат имавме шанса да го вкусиме, под оргиналното име “Chia Fresca”. Откако не освои вкусот и ефектот од истиот направивме истрaжување на пазарот и го воочоивме дефицитот од вакви пијалоци кај нас. Поради тоа со мојата сестра Верица решивме да ја претставиме нашата идеја пред Фондот за иновации, каде што бевме добитници на грант преку проектот „Стартап Херои“, а со поддршка на „Тинекс“. Следствено учествуваме и на многубројни настани, инкубатори, програми за развој на стартапи, саеми и слично каде што се докажа потенцијалот и потребата за пијалокот.

По одобрувањето на првичниот проект преку ФИТР, започнавме со реализација на идејата и создавање на брендот ChiaDía кој се стреми кон квалитетен животен стил и подобрување на навиките за конзумирање на енергетски здрави безалкохолни пијалоци, без додадени шеќери, адитиви и конзерванси. Уникатниот вкус и текстура, овозможува ексклузивитет и позитивно искуство на секој потрошувач. Со конзумирање на овој освежителен чиа пијалок се внесуваат есенцијалните микроелементи кои даваат чувство на ситост, зголемена енергичност и виталност во текот на целиот ден.

- Advertisement -

Кои се бенефитите од консумација на овој пијалок, какви состојки користите во производството?

Нашиот енергетски пијалок е базиран на органско чиа семе во комбинација со различни цитрусни и црвени овошја, засладени со органски агаве сируп, без додаток на вештачки бои и шеќери. Потрошувачите можат да изберат четири вкуса на чиа пијалок, црвена рибизла, ѓумбир и лимон, јагода или лимета, во зависност од нивните преференции во поглед на вкус и ефектот кој сакат да го добијат.

Што се однесува до придобивките, тие се многубројни. Сакаме да истакнемедека пијалокот придонесува за согорување на масти и брза абсорпција на хранливи материи, изобилува со протеини, влакна, омега 3, витамин Ц, железо, калциум, калиум и сл. Пијалокот, а пред се чиа семето, според истажувањата овозможува целосна детоксикација на телото и го регулира крвниот притисок и работата на срцето. Овој пијалок е вегански и погоден за оние лица кои избегнуваат да користат производи со додадени шеќери.

Надица на Академијата за жени-претприемачки

Дали имате некоја посебна технологија на подготовка, што е тоа што пијалокот го прави иновативен?

Со оглед на тоа што овој тип на пијалок е прв македонски производ од ваков вид, секако дека е потребна и поразлична технологија и начин на подготовка. Иновативноста пред сè е во составот и функционалноста на пијалокот односно природните состојки кои ги содржи и со самото тоа што ќе се појавиме на пазарот со природен, здрав чиа пијалок кој дава енергија и ефикасност со редовна конзумација. Сето ова потрошувачот го добива по пристапна цена. Исто така константно се стремиме и кон постојано имплементирање на иновативни решенија за подобрување на целокупниот производствен процес. Зголемување на портфолиото е секако наша главна цел и оваа година потрошувачите наскоро ќе можат да уживаат во нови вкусови пијалоци коишто внимателно ке бидат креирани од наша страна.

За кого е наменет вашиот пијалок, дали можат да го консумираат и помладите генерации кои во последните години се многу навлечени на енергетски пијалоци полни со адитиви, конзерванси и други додатоци?

Пијалокот го таргетира целокупното население, со посебен акцент на физички активни лица, спортисти, фитнес љубители и сите оние кои со голема посветеност се грижат за своето физичко и ментално здравје и често конзумираат здрави продукти и пијалоци. Ова е пијалок кој е здрав и безбеден, без никакви адитиви, што го прави нашиот ChiaDia вистинското решение за сите, достапно низ маркетите на Тинкес, Рептил, Гранап, продавници за здрава храна, ХоРеКа сегментот, аптеки и бензински пумпи низ државата.

Посебно се осврнуваме и кон помладата генерација која е склона на стандардните енергетски пијалоци кои не делуваат позитивно врз имунитетот. Затоа и наша главна цел е кај оваа група на потрошувачи да ја зголемиме свеста за сите придобивки од конзумирањето на чиа пијалокот кој дава чувство на лесностија и подобрено здравје.

Што вели вашето искуство, дали македонските граѓани почитуваат здрава храна и пијалоци?

Интересот за здрава храна, а вооедно и пијалоци, од ден на ден е сè поголем. Потрошувачите сè повеќе избираат продукти кои не содржат додадени шеќери во себе. Исто така, сè поголема е публиката на млади луѓе кои сакаат да излегуваат и да се забавуваат, но не преферираат да консумираат алкохол. За нив ChiaDia е совршена алтернатива.

Очекуваме во иднина потрошувачите сè поголема предност да им даваат на пијалоците базирани на природни состојки без адитиви, конзерванси и вештачки бои. Наша цел е да ги стимулираме сите они кои се двоумат да ја променат перцепцијата за конзумирање на здрави пијалоци, да ги вкусат и да ги инкорпорираат во секојдневните активности со цел да останат фит, сити и здрави. Без разлика каков е нивниот начин на живот, ChiaDia може да се вклопи во секоја дневна рутина и на потрошувачите на им помогне да останат енергични и витални.

Сподели!
- Advertisement -