Минијатурен микрофон овозможува наместо со уши, да слушаме со кожата

- Advertisement -

Технологијата за препознавање на глас е се поприсутна во нашиот секојдневен живот – од поставување тривијални прашања, пуштање на музика, испраќање тесктуални пораки до управување со GPS навигациски системи.

Станува збор за технологија со многу широка примена, меѓутоа, за максимално да се искористат предвидените функции на технологијата, мора да стои во близина на уреди и внимателно да се артикулира се што сакате да кажете.

- Advertisement -

Сега пробајте да замислите што би било кога кожата на нашето тело би можела да препознае гласови без употреба на какви било уреди. Професорот Килвон Чо и д-р Сујунг Ли од Одделот за хемиско инженерство, заедно со професорот Вонки Мун и д-р Јунсо Ким од Одделот за машинство на POSTECH развиле микрофон кој детектира звук со примена на полимерни материјали на микро електромеханички системи.

Нивниот микрофон покажува пошироко слушно поле од човечките уши, додека може лесно да се прицврсти на кожата во мал и тенок формат. Тоа академско достигнување неодамна беше претставено во меѓународното сописание за материјали Advanced Materials.

- Advertisement -

Конвенционалните микрофони се базирани на MEMS кој се користи во мобилните телефони, Bluetooth уредите и други уреди и се состојат од тенки, мали и софистицирани структури на дијафрагма. Меѓутоа, бидејќи е направен од крут и кревок силициум, тешко е да се свитка дијафрагмата или микрофонот по желба. Тоа попречува на способноста за детекција на звук.

Наведениот научен тим го совладал тоа ограничување со создавање структура на микрофон базирана на MEMS и користење на полимерски материјали кои се пофлексибилни од силициумот и може да се дизајнираат во каква било форма. Најоглем дел од уредите имаат големина на просечен нокт, а дебелината им е само неколку стотини микрометри. Микрофонот може да се прицврсти на големи површини од телото или дури на еден прст, а се однесува како вистинска човечка кожа.

- Advertisement -

Како што се вели во студијата, осетливоста на микрофонот на звук е поголема од човечкото уво, додека препознава околни звуци и гласот на корисниците без изобличување. Понатаму, може да детектира и гласни звуци над 85 децибели, распон кој предизвикува оштетување на слухот и звуци со ниска фреквенција кои луѓето не можар да ги слушнат.

Квалитетот на неговата детекција на глас е споредлив со микрофонот на мобилен телефон или студиски микрофони. Кога акустичниот сензор на кожата бил поврзан со комерцијалната програма за гласовен асистент Google Assistant, корисникот кој го тестирал новиот микрофон можел да прбарува, да преведува и да ги контролира уредите без проблем.

Новиот акустичен сензор има потенцијална примена во преносни IoT уреди за препознавање на глас за Интернетот на нештата и човек-машина интерфејс. Истражувачкиот тим планира да создаде минијатурна електронска кожа со интеграција со сензори за притисок и температура, кои може да се прицврстат на кожата, флексибилни екрани и други технологии.

(Eurek Alert)

(фото: WallpaperFlare)

Сподели!
- Advertisement -