Европскиот парламент го усвои законот за воведување универзален полнач

- Advertisement -

Европскиот парламент вчера ги усвои новите правила за воведување на стандарден полнач за мали електронски уреди како смартфони и таблет компјутери. Новиот закон ќе стапи на сила наесен 2024 година, така што USB од типот C ќе биде стандарден порт за полнење на смартфоните, таблет компјутерите, е-читачите, тастатурите, компјутерските глувчиња, GPS уредите, дигиталните камери, слушалките, рачните играчки конзоли и преносните звучници. Од 2026 година натаму USB-C ќе стане стандард и за полначите за лаптопи.

Законот е усвоен со големо мнозинство – 602 гласа за,, 13 против и 8 воздржани. Ова едноставно решение секоја година ќе заштеди илјадници тони електронски отпад, ќе ја олесни продолжената употреба на старата електроника, ќе го унапреди искуството на потрошувачите и ќе ги намали непотребните трошоци, велат од ЕУ.

- Advertisement -

Единствениот полнач не е добар само за околината, туку и за паричниците на потрошувачите, тврди извршната потпретседателка на Европската комисија, Маргарет Вештагер. Според неа, на овој начин ќе заштедиме најмалку 250 милиони евра годишно.

Полначите создаваат од 11.000 до 13.000 тони електричен отпад секоја година, покажуваат податоците од Европската комисија, а новите правила драстично ќе ја намалат таа количина. Меѓутоа, тој пад и понатаму е капка вода во еден океан од електронски отпад затоа што во ЕУ само во 2019 година беа собрани 4,5 милиони тони отпад.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -