Украински тинејџер направи дрон за откривање мини

- Advertisement -

Игор Клијменко, тинејџер од Украина, на кој војната во Украина му скрати голем дел од детството, а неговото семејство ја изгубило безбедноста и нормалниот живот, цврсто одлучил дека војната нема да му ја скрати едната работа која за него е најбитна – образованието. Тој со внимателно учење и интерес за наука и математика успеал да ја постигне својата цел – да помогне во борбата против војната в својата земја, но и пошироко.

„Се сеќавам дека слушнав експлозија на бомби кои паѓаа во мојот роден град, Киев, на почетокот на руската инвазија во Украина во март 2022 година. Моите родители веднаш одлучија да се преселат од Киев на село, каде што се сокривме во подрум. Беше многу страшно и стресно време за целата заедница. Не плашеше самата помисла дека во секој момент можеме да изгубиме некој што го сакаме, а нашите домови да бидат уништени“ се присетува Клијменко.

- Advertisement -

Тој донел одлука дека војнаѕа нема да му ја скрати иднината, односно да го заврпи образованието. И покрај постојаните букотници од ракети и пукање, сфатил дека тоа е новата реалност во која мора да научи да живее. Бидејќи науката и математиката му биле омилени предмети, одлучил да ги искористи за да даде свој придонес во напорите против војната и воените терори. Така, направил уред за откривање мини.

Некои од неговите учители морале да се приклучат во војната, но сепак продолжиле да му помагаат да го доврши средното образование преку телефон или Zoom, како и да го доврши својот проект за дронот за откривање мини. Тој вели дека без нивна поддршка немало да го направи уредот.

- Advertisement -

Тој појаснува дека неговот истражување почнало порано, кога имал 9 години и Русите го окупирале Крим. Тој очајнички сакал да помогне уште тогаш и почнал да чита книги за роботика и останувал после наставата за да дискутира за проектот со своите учители. Никогаш претходно немал направено дрон, а бил одлучен да најде начин за користење на роботиката за откривање мини, вели Клијменко.

Тој и неговите учители одлучиле да користат вештачка интелигенција за да добијат прецизни координати каде се наоѓаат мините, а набрзо сфатиле дека дронот би бил голема предност зашто не би ги активирал мините и може да се прилагоди за работа со противпешадиски мини кои се детонираат кога некој ќе застане на нив.

- Advertisement -

Моментално работи на изработка на минимално одржлив производ за уредот да може да се тестира во реалниот свет и да се користи за помош во ослободувањето на Украина и на светот од мини.

„Не знам дали претседателот Зеленски е запознаен со мојот одржлив производ, но би било одлично да се види толкава поддршка за мојот проект во Украина и ширум светот. Образованието не може да чека“ вели Клијменко.

(Metro)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -