УНЕСКО го прогласи францискиот багет за културно наследство!

- Advertisement -

Замислете клише на Француз и веројатно ќе помислите на слика на човек кој држи багет.

И, со право, тоа е незаменливо национално богатство, симбол на француската уметност на живеењето.

- Advertisement -

Сега овој вид леб конечно е внесен во листата на Светско наследство на УНЕСКО. Поточно, „традиционалниот начин на подготовка и култура на лебот багет“ е официјално прогласена за нематеријално културно наследство на човештвото.

Секоја година оваа листа се проширува за околу 100 нови културни практики низ целиот свет, листа која се обидува да го заштити и да ја подигне свеста за културното наследство која не може да биде дефинирана преку една локација или еден предмет. Од нашето окружување оваа година за нематеријално културно наследство веќе беа прогласени фестивалот и орото Свети Трифун во Хрватска и традиционалниот фестивал Танос Хорос во Грција, додека Србија со нивната специфична ракија Шљивовица и пчеларството во Словенија чекаат одобрување од УНЕСКО. Дополнително Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, заедно со Австрија, Унгарија, Романија, Италија и Словачка имаат поднесено кандидатура за на листата да биде внесен и начинот на одгледување на светски познатата раса коњи липицанери.

- Advertisement -

Во соопштението на УНЕСКО се наведува дека багетот е „најпопуларен вид на леб кој се консумира во Франција низ целата година“.

„Багетите бараат посебно знаење и техники – тие се печат низ целиот ден во мали количини и крајниот производ варира во зависност од температурата и влажноста. Тие исто така создаваат различни доживувања при консумација и општествени практики кои ги разликуваат од другите видови леб, како на пример секојдневните посети на пекарите за да се купат векни или специфични рафтови кои одговараат на нивниот долг облик“, велат од УНЕСКО.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -